Микл-Лајтнер: Сега затворете ја и источнобалканската рута

Од:

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер порача дека по западнобалканската, сега треба да се затвори и т.н. источнобалканска рута.

– По затворањето на западната балканска рута и договорот на ЕУ со Турција, постои потенцијал од 1,1 милион луѓе, кои би можеле да тргнат на пат кон Бугарија, предупреди таа во изјава за австриската државна телевизија ОРФ.

Микл-Лајтнер истовремено укажа дека е скептична кон спогодбата меѓу ЕУ и Турција, додавајќи дека таа не го решава проблемот.

Според неа, веќе се гледаат алтернативи на движење во правец на Бугарија, бидејќи е затворена границата на Македонија кон Грција.

Микл-Лајтнер нагласи дека е воочена и зголемена активност на криумчарите со луѓе во правец на Бугарија, како и дека тука се создава нов коридор за масовна миграција.

– Поради тоа потребно е да се вложат напори кон тој дел на Европа, додаде таа и напомена дека веќе му наложила на генералниот директор за јавна безбедност да се подготви за ова сценарио.

Би можело да ве интересира

Австриската полиција трага по тројца Срби осомничени за убиство

Горан Наумовски

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Горан Наумовски

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија