Метеорит падна во близина на аеродромот во Манагва, главниот град на Никарагва предизвикувајќи кратер со дијаметар од 12 метри, соопштија локалните власти.
Портпаролот на владата Росарио Муриљо, изјави дека комисија формирана од Владата го истражува настанот.
Според комисијата најверојано станува збор за „релативно мал“ метеорит што потекнува од астероид, штo минал во близина на Земјата. Муриљо истакна дека властите ќе побараат од меѓународните експерти да им помогнат на локалните научници за истражување на случајот.
Метеоритот направил кратер до дијаметар од 12 метри и длабочина од пет метри, но останува нејасно дали тој при падот се распаднал или изгорел.