Меркел во вторник ќе се сретне со Тихановскаја

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел во вторник ќе се сретне со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, соопшти денеска портпаролот на германската Влада.

Тихановскаја во вторникот во Вилнус се сретна со францускиот претседател Емануел Макро.

Таа претходно рече дека за време на состанокот, Макрон и ветил помош во преговорите со белоруските власти за ослободување на политичките затвореници во таа земја.

Тихановскаја беше една од кандидатите на контроверзните претседателски избори во Белорусија, одржани на 9 август, и ја напушти земјата и замина во Вилнус, откако долгогодишниот претседател Александар Лукашенко беше прогласен за победник на изборите.

Опозицијата во Белорусија не ги признава резултатите од изборите.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад