Меркел: Велика Британија нема да остане во ЕУ

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел синоќа изјави дека Велика Британија ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор за официјално да ја објави одлуката за излегување од Европската унија.

– Сигурна сум дека барањето ќе биде депонирано, изјави германската канцеларка.

Меркел ја исклучи варијантата Велика Британија да остане во ЕУ.

– Одлуката, според мене беше донесена, кога мнозинството Британци посакаа нивната земја да излезе од ЕУ, нагласи Меркел.

На референдумот на 23 јуни во Велика Британија, 51,9 отсто од Британците гласаа за излегување од ЕУ, додека 48,1 отсто го поддржаа останувањето во Унијата. 

Според член 50 од Лисабонскиот договор за да излезе од ЕУ Лондон треба официјално да го извести Брисел за оваа намера и да испрати соодветно барање.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел