Меркел учествуваше на протестен митинг во Берлин против антисемитизмот

Од:

Германија ќе направи се во согласност во својата моќ за борба против антисемитизмот, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во обраќање на повеќеилјаден митинг во Берлин денеска.

– Секој кој напаѓа Евреи, ја напаѓа Германија. Еврејскиот живот е дел од нашиот идентитет. Нашиот национален и граѓански долг е да се бориме против антисемитизмот,  изјави Меркел во обраќањето.

Germany Anti-Semitism-1

Меркел ретко присуствува на демонстрации, но овојпат се присоедини кон претседателот Јоахим Гаук, вицеканцеларот Зигмар Габриел, лидери на еврејската заедница христијански лидери на митингот пред Брандербуршката порта.

Самиот митинг, организиран од Централниот совет на Евреите во Германија, е нешто невообичаено. Тие вообичаено се придржуваат кон дискретност, но лидерите на заедницата појаснија дека Евреите се чувствуваат загрозени од појавите на антисемитизам по конфликтот во Газа.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија