Меркел: Турција да не го прекинува мировниот процес со Курдите

Од:

Германија ќе ја поддржи Анкара во борбата против екстремистите, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во телефонскиот разговор со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Меркел во исто време ја повика Анкара да одговори пропорционално на заканите.

Телефонскиот разговор беше спроведен откако курдски борци убија двајца турски војници, јавно одмаздувајќи се за операцијата на Анкара против ПКК, која беше спроведена заедно со нападите врз бунтовниците од ИД во Сирија.

Давутоглу ја информирал Меркел за дејствијата на турската Влада во борбата против тероризмот по нападот во Суруч и други напади врз турските сили за безбедност, изјави портпарол на германската влада.

Меркел го уверила Давутоглу за солидарноста и поддршката на Германија, рече портпаролот но во исто време додаде: „Во тој контекст таа потсети на принципот на пропорционалност при примена на неопходните мерки“.

Меркел повика и да нема откажување од мировниот процес со Курдите, независно од сите тешкотии, додаде портпаролот.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска