Меркел сака безбедносни зони во Сирија во близина на турската граница

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел повика за создавање на специјални безбедносни зони во Сирија во близина на турската граница, каде бегалците ќе можат да пронајдат засолниште.

– Одново инсистирам да имаме зони, каде примирјето ќе се почитува најстриктно и каде ќе биде загарантирано значително ниво на безбедност, изјави Меркел на заедничката прес-конференција вчера со високи европски и турски претставници во југоисточниот турски град Газиантеп во близина на границата со Сирија.

Турција ќе ги преземе сите потребни мерки за да го спречи ракетниот напад врз Килис, нагласи турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Овој турски град се наоѓа на границата со Сирија во регионот, контролиран од џихадистичката група Исламска држава. Две лица беа убиени, а четири беа ранети во ракетен напад врз Килис во петокот.

– Турција нема да ја исполни спогодбата со Европската унија за реадмисија на мигранти, доколку не добие безвизен режим со ЕУ, предупреду Давутоглу.

Тој на прес-конференцијата нагласи дека укинувањето на европските визи за турските државјани е од суштинско значење.

Турскиот премиер изрази увереност дека ЕУ ќе ги преземе потребните мерки за исполнување на своите обврски од договорот.

– ЕУ ќе потроши една милијарда евра ова лето за проекти за подобрување на животот на сириските бегалци, изјави на прес-конференцијата претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Тој ја пофали Турција како најдобар пример во светот, за тоа каков треба да биде односот кон бегалците.

– Миргатнскиот прилив кон Европа преку Егејското Море значително е намален по стапувањето во сила на спогодбата, нагласи Туск.

Давутоглу посочи дека бројот на нелегалните мигранти преку Егејското Море се намалил од три илјади лица дневно во ноември минатата година на 130 дневно во моментов.

– Има денови кога нема ниту еден човек, а понекогаш се десетина, додаде тој.

Меркел нагласи дека гледа голем напредок во борбата против нелегалната миграција.

– Ќе продолжиме да го одржуваме контактот со Турција, рече Меркел и додаде дека Германија од своја страна ќе ги почитува дадените обврски.

Делегацијата на ЕУ, во која беше и првиот заменик-претседатеол на Европската комисија Франс Тимерманс го посети вчера кампот за бегалци Низип во југоисточна Турција.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад