Меркел: САД со изолациска политика никогаш нема да стане голема

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека доколку САД продолжат да ја следат изолациската политика, тие никогаш нема да бидат големи.

ДПА јави дека на прес-конфрецијата организирана од германскиот бизнис дневен весник „Ханделсблат”, Меркел истакна оти „една Америка на која не и е грижа за ништо во светот освен за самата себе, никогаш нема да биде голема Америка“.

Оваа нејзина изјава претставува коментар на предизборниот слоган на американскиот претседател Доналд Трамп, што гласеше „Да ја направиме Америка повторно голема“, што и сега често се користи од страна на Трамп и неговиот тим.

Германската канцеларка посочи дека мерките за вршење дипломатски притисок врз Северна Кореја се уште не се искористени.

– Не гледам воено решение за Северна Кореја, сметам дека тоа не е правилно и убедена сум дека дипломатските мерки не се употребени во целосен степен, нагласи Меркел.

Таа оцени дека Кина, Јапонија и Јужна Кореја треба бидат заинтересирани „да постават човек како (лидерот на Северна Кореја) Ким Џонг-ун на неговото место“.

– Оценувам дека тоа треба да биде постигнато од страна на меѓународната зедница без воени интервенции, истакна Меркел.

Таа забележа дека САД паралелно со нивната воена реторика кон Северна Кореја преземаат и бројни дипломатски напори и дека европските земји мора да работат поактивно за да ја решат кризата поврзана со нуклеарната програма на Северна Кореја.

– Германија нема автоматски да застане на страната на САД во случај на воен конфликт меѓу нив и Северна Кореја, потенцираше Меркел.

Меркел ќе се бори за четврт мандат за државен секретар на Германија, на изборите што се закажани на 24 септември.

Нејзиниот главен опонент, лидерот на социјалдемократите Мартин Шулц, го критикуваше Трамп со цел да го подобри рејтингот на неговата партија за претстојните избори.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија