Меркел против воведување казнени тарифи за Кина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека ќе го искористи влијанието на својата држава во ЕУ и ќе се обиде да го спречи воведувањето на казнени тарифи за увоз на одредени кинески производи, со цел да се избегне пазарна војна.

Германија ќе инсистира на интензивни преговори помеѓу ЕУ и Кина, за да се најде решение што е можно порано, рече Меркел во Берлин, во разговорот со кинескиот премиер Ли Кеќијанг.

Европската комисија ја обвини Кина дека држи многу ниска цена на соларните панели и опремата за мобилна телефонија кои го преплавија европскиот пазар со што им нанесуваат штета на производителите од Европа.

Поради тоа Комисијата предлага воведување на посебни даноци од 47 проценти за кинеските соларни панели, додека за секторот за телекомуникација дополнително ќе се изнесе предлог.

Кинескиот премиер остро го искритикува таквиот пристап на ЕУ наведувајќи дека Кина сака да се бори против протекционизмот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски