Меркел против воено решение на конфликтот во Украина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни против воено решение на конфликтот во Украина и за негово решавање со политички средства.

– Не сакаме воена интервенција. Но, ние сме должни да ги употребиме сите дипломатски напори и по потреба да ги поддржиме нашите политички барања и со помош на санкции, изјави Меркел во интервју за денешниот број на списанието „Цицеро“.

Германската канцеларка ситуацијата ја оцени како многу сериозна.

– Ние, Германците треба да се обидеме да направиме се што ќе помогне за обезбедување на дипломатско решение, изјави Меркел, додавајќи дека чувствува одговорност за изнаоѓање на решение.

Меркел, исто така, нагласи дека е многу важно да постои единствен европски став, вклучително и донесувањето одлука за спроведување на санкции, како и да има единствена позиција со САД.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски