Меркел: Нема показатели за постигнување консензус за решавање на конфликтот во Сирија

Од:

Меѓународната заедница се уште е далеку од постигнување единствено решение за конфликтот во Сирија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

– На средбата на врвот на Г-20 во Санкт Петербург имаше важни дискусии. Но, во моментов нема показатели за постигнување единствена резолуција во ОН и заедничка оценка за ситуацијата, истакна Меркел.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров додаде дека многу држави се свесни дека воена интервенција во Сирија би ја уништила шансата за постигнување политичко решение или организирање мировна конференција.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган увери дека речиси сите лидери од Г-20 се согласуваат со потребата од воена операција против Сирија.

Пратеникот на ОН за Сирија Лахдар Брахими нагласи дека „ниту една држава не може да го земе законот во свои раце и дека евентуалните воени напади врз Сирија треба да бидат одобрени од Советот за безбедност на ОН“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија