Меркел: Не ја поддржувам заканата на Трамп кон Северна Кореја

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Северна Кореја ќе биде „целосно уништена“ доколку им се заканува на САД или на нивните сојузници.

– Не ја поддржувам таквата закана. Сметаме дека секое воено решение е сосема несоодветно и ги претпочитаме дипломатските напори. Според мене, тоа се санкциите и нивното спроведување. Се друго во врска со Северна Кореја го сметам за погрешно, изјави Меркел во интервју за Дојче Веле, додавајќи дека разговарала телефонски со Трамп пред неговиот говор во ОН.

Меркел нагласи дека Германија е подготвена да придонесе за решавање на кризата со Северна Кореја. – Иако овој конфликт е просторно далеку од Германија, сепак, тој не засега и нас. Затоа, јас и министерот за надворешни работи сме подготвени да ја преземеме одговорноста за ова прашање, рече Меркел.

Како пример за меѓународна соработка го посочи нуклеарниот договор со Иран и истакна дека го поддржува.

– Ова траеше многу години, но во крајна линија доведе до ограничување на можностите Иран да создаде нуклеарно оружје. Во случајот со Северна Кореја исто треба да се движиме по овој пат или нешто слично, се разбира заедно со САД, Русија и Кина, изјави Меркел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин и Си Џинпинг разговараа неколку часа по инагурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба

ВИДЕО: Трамп помилува 1600 напаѓачи на Конгресот, го преименува Мексиканскиот залив

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Маск ја прослави инаугурацијата на Трамп во Вашингтон: „Вака изгледа победата“