Меркел: Најдоброто средство во борбата против тероризмот е формирање коалиција од регионални сили

Од:

Формирањето коалиција, со учество на регионални играчи, е најдоброто средство во борбата против тероризмот, вклучувајќи и ја Сирија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во своето неделно видео обраќање, што денеска беше објавено на сајтот на германската Влада, пренесе ТАСС.

-Ако го земеме примерот на Сирија и борбата со исламискиот тероризам, таму, според мене, треба да се создаде коалиција, која ќе вклучи и регионални сили, посебно земји од Заливот и други, рече Меркел, забележувајќи дека НАТО не треба да дејствува самостојно.

„НАТО не треба непосредно да се организира“, дополнува германскиот канцелар.

-Според мене, во целина создавањето на такви регионални коалиции се најдобриот одговор (на тероризмот), подвлече Меркел.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим