Меркел и Макрон ја повикаа Москва да ја повлече војската од украинската граница

Од:

Ангела Меркел, Емануел Макрон и Володимир Зеленски денеска повикаа на повлекување на руските сили од границата со Украина и на смирување на тензиите во регионот, соопшти германската Влада.

Германската канцеларка и претседателите на Франција и Украина на онлајн средбата изразија загриженост за распоредувањето на руски војници на границата со Украина и на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Меркел и Макрон изразија поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ја истакнаа потребата од спроведување на мировниот договор за Украина, постигнат пред неколку години во Минск.

Зеленски, од своја страна, рече дека очекува следната недела да продолжи примирјето во источна Украина, каде се судираат украинските безбедносни сили и проруските бунтовници.

Киев, кој стравува дека Кремљ бара изговор за напад, ја обвини Русија за распоредување на над 80.000 војници долж источната граница на Украина и на полуостровот Крим.

Русија соопшти дека распоредувањето војници на границата не претставува закана, но го обвини Киев за подготовка на офанзива против проруските бунтовници во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина