Меркел: Иницијативата за Украина има за цел одбрана на европскиот мир

Од:

Иницијативата на Берлин и Париз за решавање на украинската криза има за цел одбрана на „европскиот мир“, изјави пред заминувањето за Москва германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел денеска заедно со претседателот на Франција Франсоа Оланд ќе се обиде да издејстува поддршка од Русија за нивниот мировен план.

– Станува збор за нашите интереси, германско-француски и европски интереси, станува збор за европскиот мир, изјави Меркел.

Меркел, нагласи дека не се знае дали денеска ќе биде постигнат договор со рускиот претседател Владимир Путин или можеби ќе бидат потребни уште разговори.

– Не знаеме дали ќе имаме долги или кратки разговори во Москва или тоа ќе биде последен разговор. Ние можеме да да го правиме само тоа што може да го реши овој конфликт и особено да се стави крај на крвопролевањето, изјави германската канцеларка.

Истовремено, Оланд во Париз изјави дека заминува за Москва на разговори со Путин со цел постигнување на глобален договор за ставање крај на насилствата во Украина, нагласувајќи дека примирјето е само прв чекор.

– Сите знаеме дека примирјето мора да биде првиот чекор, но тоа не е доволно. Мора да постигнеме сеопфатен договор, изјави Оланд пред заминувањето во Москва.

Меркел и Оланд во четвтрокот во Киев разговараа со украинскиот претседател Петро Порошенко за нивниот предлог за решавање на конфликтот.

Порошенко по средбата изјави дека новиот мировен план предложен од Меркел и Оланд, а што денеска ќе биде претставен и на официјална Москва, дава надеж дека може да биде ставен крај на судирите во Источна Украина. 

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва