Меркел и Шпан ги молат Германците: Вакцинирајте се!

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за здравство Јенс Шпан повикаа на поголема вакцинација на населението поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот.

На последниот состанок на врвот на ЦДУ, пред летната пауза во Берлин, Меркел рече дека мора да се достигне стапка на вакцинација од 80 проценти.

Според германските медиуми, Шпан изјавил дека темпото на вакцинација се намалува.

Тој рече дека термините во центрите за вакцинација остануваат празни.

Со цел да се поттикне вакцинацијата, Шпан изјави дека би било добро да се поврзе со активностите на граѓаните, како што се посетите на стадионите.

Според него, мора да има разлика меѓу вакцинираните и оние кои не се вакцинирани.

Институтот Роберт Кох соопшти дека до вчера вкупно 56,5 проценти од германското население е вакцинирано со најмалку една доза вакцина, а 38,9 проценти од германците се целосно имунизирани.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски