Меркел и Оланд: Заеднички одговор на ЕУ на бегалската криза

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска апелираа за заеднички одговор од Европската унија на најлошата бегалска криза што ја погоди Европа по Втората светска војна.

– Мораме да создадеме единствен систем за право на азил, истакна Оланд, додавајќи дека приливот на бегалци од кризните зони во светот е „исклучителна ситуација која ќе потрае некое време“.

Меркел наведе дека Германија очекува од сите земји-членки на ЕУ што побрзо да се согласат со постоечката политика кон бегалците.

Таа ги осуди насилните протести против бегалците во Хајдена за време на викендот.

– По страшните слики од Хајдена во Саксонија, сакам да кажам дека силно го осудувам насилството што таму се случи и дека атмосферата на расизам што ја видовме е неприфатлива. Одбојно е да се види како десничарските екстремисти и неонацисти ја изразуваат својата омраза. Но, подеднакво е срамно да се види како германски граѓани, дури и семејстава со деца тоа го поддржуваат, марширајќи со нив. Можам само да повторам дека Германија е земја кој го почитува достоинството на секој поединец, истакна Меркел.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта