Меркел: Хемикалиите за Сирија се користени за цивилни цели

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека хемикалиите, кои нејзината држава ги извезувала во Сирија и кои можеле да се употребат за производство на отровен гас, биле користени за цивилни цели.

Министерството за стопанство на Германија, потврди дека од 2002 до 2006 година на Сирија и испорачале хемикалии, кои може да се користат за производство на сарин.

Министерството соопшти дека во тој период се извезени околу 137 тони хемикалии, од кои 93 тони хидроген флуорид, 20 тони во 2002 и 2003 година, а 73 тони во 2005 и 2006 година. Имено тие се неопходни состојки за производство на сарин, но не се доволни.

Испораката ја одобрила владата на Герхард Шредер и кабинетот на Ангела Меркел.

Како што пренесува „BBC“, Меркел во едно интервју за германска телевизија истакна дека официјалните лице се обидуваат да утврдат за што биле користени хемикалиите, кои што се извезувале по 2006 година, и пред мај 2011 година, во време кога Германија воведе контрола над извозот за Сирија.

Пратеникот на левичарската партија, Јан ван Акен нагласи дека владите биле крајно неодговорни.

-Навистина не можам да верувам. Германија со години извезуваше 111 тони хемикалии со кои може да биде направен сарин во Сирија, држава која што е позната дека работи на програмот на хемиско вооружување-изјави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад