Меркел го повика Кипар да спроведе реформи

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел го повика денеска Кипар да спроведе реформи и додаде дека одлуката за европската помош за земјата нема да биде донесена во блиска иднина.

– Денеска сме тука за да ја процениме ситацијата во Кипар и во другите европски земји, изјави Меркел, која учествува на вонредниот состанок на Европската народна партија во градот Лимасол.

Кипар бара финансиска помош, која може да достигне до 17 милијарди евра.

– Ќе му пренесам на Кипар дека ситуацијата е таква што од една страна се потребни реформи, а од друга страна е потребна солидарноста на другите европски земји, рече Меркел.

Таа не прецизираше какви реформи треба да спроведе Кипар. Никозија веќе спроведе строги економски мерки, кои имаат за цел да се заштедат околу една милијарда евра на барање на тројката меѓународни кредотори, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија