Меркел го откажала терминот за вакцинација против Ковид-19

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирус, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими вакцина, но го откажала терминот.

Весникот наведува дека името на канцеларката Меркел за вакцинација тој ден било внесено во центарот за вакцинирање „Темпелхофер Фелд“. Во дневникот стои и дека датумот на раѓање, 17 јули 1954 година, кој целосно се согласува со нејзините податоци.

Овој центар дава исклучиво вакцини од британско-шведскиот производител „Астра зенека“.

Тој термин, пишува „Билд“, е откажан преку платформата за закажување.

Владиниот портпарол, Штефен Сајберт, не сакаше коментира.

„Канцеларката ќе биде вакцинирана во догледно време и јавноста ќе биде информирана за тоа“, рече тој.

Меркел секогаш велеше дека го чека својот ред за вакцинирање, за разлика од многу политичари во провинциите кои меѓу првите побрзаа да бидат имунизирани, наведувајќи дека сакаат да ја поттикнат довербата на граѓаните во вакцините.

Како можна причина за откажување на терминот за вакцинација, „Билд“ го наведува важниот состанок што го има денес Меркел во врска со идниот кандидат на нејзината партија, Христијанско-демократската унија, за функцијата канцелар.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски