Меркел го обвини Шредер за влез на Грција во еврозоната

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел го обвини својот претходник од Социјалдемократската партија, Герхард Шредер за должничката криза во еврозоната, наведувајќи дека никогаш не требало да ја пушти Грција во европската монетарна унија.

Меркел наведе дека должничката криза, која што изби во Грција при крајот на 2009 година, се создавала доста години наназад, се од основање на еврозоната.

-На Грција не требаше да и се дозволи да влезе во еврозоната во 2001 година. Канцеларот Шредер ја прифати и го ослабна Пактот за стабилност, а двете одлуки беа суштински лоши и претставуваат една од појдовните точки за нашите проблеми-изјави канцеларката

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле минатата недела рече дека на Грција ќе и биде потребна дополнителна помош, чиј износ се проценува на околу 11 милијарди евра.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад