Германската канцеларка Ангела Меркел го присилила хрватскиот шеф на дипломатијата Миро Ковач во текот на работната вечера на самитот во Париз да вети дека ќе ја тргне блокадата кон Србија за отворање на Поглавјата.
Според српските медиуми, германската канцеларка го натерала Ковач пред сите официјални претставници на држави да вети дека Хрватска ќе го деблокира патот на Србија кон ЕУ.
Таа изненадуачки пред сите го прашала Ковач: “Кога тоа се отвораа Поглавјата за Србија, нели беше на 19 јули“?
По ова, настапил молк на масата од неколку секунди, а потоа уште еднаш го повторила прашањето кон Ковач, по што тој климнал со главата.
Во тој момент на сите им беше јасно дека работата завршува тука и дека нема препреки за отворање на поглавјата 23 и 24, пишуваат српските медиуми.