Меркел ги именуваше најголемите закани за меѓународната заедница

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги именуваше најголемите закани со кои се соочува светската заедница, во својот текст за јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“ во пресрет на самитот на Г7 во баварскиот дворец Ермау на 7 и 8 јуни.

– Кој би поверувал дека е можно 25 години по завршувањето на Студената војна, европскиот мир да биде доведен во прашање по анексијата на Крим. Или ширењето на вурисот на еболата да може да дестабилизира неколку африкански земји и да го успори нивиот развој. Или дека на Блискиот Исток исламистистичка терористичка организација ќе се обиде да воспостави т.н. калифат на територијата на две држави, напиша Меркел.

– Тие примери, а сите се на дневен ред на нашиот самит, веќе покажаа дека глобалните предизвици бараат меѓународни одговори, напиша Меркел во авторскиот текст објавен на англиски.

Седумте индустриски најразвиени земји се Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија, а целта на Г7 е барање решение за глобалните политички и општествени проблеми.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина