Меркел: Германија има интерес од економски стабилна Турција

Од:

Берлин и Анкара се партнери во многу сфери, токму поради оваа причина, Берлин се залага Турција има стабилна економија, рече германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин по состанокот со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Германија има интерес за економски стабилна Турција, нагласи Меркел.

Една од темите на разговорите ќе бидат и прашањата за економска соработка.

Според неа, германскиот министер за економија и енергија, Питер Алтмајер, наскоро ќе ја посети Турција за да учествува во заедничката комисија за економска соработка.

Весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се официјални претставници од Германија и ЕУ, објави дека Германија не ја исклучува можноста да и обезбеди на Анкара широк пакет финансиска помош, во координација со сите земји-членки на ЕУ, или со ограничени заеми, насочени кон конкретни области. Според германските официјални претставници, обезбедување на економска помош на Турција не е на дневен ред.

Од почетокот на годината, турската лира загуби околу 40 отсто од својата вредност во однос на доларот. Ова, исто така, се случи поради тензиите меѓу Анкара и Вашингтон.

На прес-конференција со Меркел, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека неговата земја е способна да ги надмине економските тешкотии.

– Нашата земја е подготвена и има моќ да ги спречи потенцијалните економски закани, рече Ердоган .

Инаку, заедничката прес-конференција на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел беше прекината за кратко, за да биде изведен маж од салата.

Ердоган, кој е во прва државна посета на Германија, се насмевна кога мажот беше однесен пред насобраните новинари. Причината за инцидентот досега останува нејасна, јави ДПА.
Посетата на Ердоган предизвика протести и демонстрации низ Германија.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември