Европа треба да најде заедничко решение за бегалската криза, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во интервју за италијанската телевизија, објавено синоќа, јави ДПА.
– Во заедницата, основана на принципот на солидарност секоја земја треба да придонесе според можностите, рече Меркел.
Според неа изминатите две години е постигнат голем напредок, но има уште многу работи да се завршат.
Таа зборуваше и за папата Франциско, при што ја оцени како мошне инспиративна неговата вчерашна изјава.
Тој вчера се сретна со лидерите на 27-те земји-членки на Унијата пред денешниот самит во Рим посветен на 60 годишнината од потпишувањето на Римскиот договор.
– Кога ги отворивме внатрешните граници, ние не мислевме за зајакнување на надворешните граници. Кога воведувавме единствена валута не бевме подготвени за кризата. Но во моментов го правиме сето тоа преку банкарската унија и стабилизациските механизми. Најважно е сето тоа да се направи во атмосфера на солидарност, рече Меркел.
– Треба да ги гарантираме условите луѓето да не бегаат од своите земји, да ги решиме кризите, како таа во Сирија и тоа да го сториме заедно, додаде Меркел.