Меркел: Европа е во ситуација која не е достојна за неа

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го посети бегалскиот камп во Хајденау, со цел да ги осуди ксенофобиските напади, а Германија, истовремено, одби да ги врати Сиријците во земјите преку кои влегле во ЕУ, што во Брисел е оценето како „чин на европска солидарност“.

Таа ги осуди насилните протести против имигрантите кои се случија минатиот викенд во кампот, а ова е нејзина прва посета на некој бегалски центар откако започна европската миграциска криза.

– Европа се наоѓа во ситуација која не е достојна за неа, тоа едноставно мора да се каже, истакна Меркел.

Од јануари до јуни оваа година во земјите од ЕУ преку Македонија, Србија, БиХ, Албанија, Црна Гора и Косово влегле 102.000 мигранти.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија