Меркел: Евреите се дел од идентитетот на Германија

Од:

На собирот под наслов „Крени глас, никогаш повеќе омраза кон Евреите“, кој што се одржа во Берлин, присуствуваа повеќе илјади лица, меѓу кои претставници на држави, политички партии, цркви, познати личности и други.

Канцеларката Ангела Меркел оцени дека е „голем скандал“ што Евреите се мета на напади, само поради тоа што припаѓаат на друга вера и истакна дека дискриминацијата и изолацијата не смеат да го најдат своето место.

-Жал ми е кога ќе слушнам млади еврејски родители како прашуваат дали своите деца да ги одгледуваат во Германија или постари лица дали исправно направиле што останале овде. Ние сакаме Евреите во Германија да се чувствуваат безбедно- рече Меркел на собирот, на кој присуствуваше и вицеканцеларот на социјалдемократите, Зигмар Габријел и останати министри, но и претседателот на државата, Јоаким Гаук.

Претседателот на Централниот совет на Евреите, Дитер Гарауман на собирот изјави дека ова лето е забележан „голем бран на омраза кон Евреите“.

Тој заборуваше за антисемитистичките пароли низ улиците на Германија и рече дека особено го револтираат обидите тие навреди да се правдаат со војната во Појасот Газа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија