Меркел: Државната помош за компаниите не може да трае до недоглед

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека огромната помош на државата за компаниите погодени од корона-кризата не може да продолжи до недоглед во сегашниот обем.

– Сојузната Влада, покраините и советите мора да работат заедно, добро и конструктивно, за да ја надминеме пандемијата и нејзините последици на најдобар можен начин, рече Меркел во неделното видеообраќање.

Бундестагот во вторник треба да расправа за буџетот за следната година, а се очекува повеќе од една третина од буџетот да се финансира со задолжување.

Коалициската влада планира следната година да позајми дополнителни 180 милијарди евра, а Меркел застана во одбрана на дополнителното задолжување.

– Ако голем број компании пропаднат и милиони работни места бидат изгубени, тоа ќе нè чини уште повеќе, и финансиски и социјално, предупреди Меркел.

Таа додаде дека во 2021 година државата може повторно да потроши големи суми пари, благодарение на заштедите од претходните години

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел