Меркел да го запре ѓаволскиот пакт со САД

Од:

Највлијателниот германски весник „Дер Шпигел“ бара Меркел да го прекине ѓаволскиот пакт со Америка.

Во уреднички коментар весникот тврди дека можеби постои пријателство меѓу грашаните на двете земји но дека американско – гермаснкото пријателство на ниво на држави веќе не постои.

Во текстот се прашува дали тоа навистина некогаш постоело или се работи за илузија која што во моментов не може да се нарече пријателство. Четврт век откако САД и помогна на Германија да се обедини малку остана од тоа пријателство , смета авторот според кого новите документи објавени од Викиликс покажуваат дека САД систематски ги спионирал гермаснките политичари.

Не само Меркел и министрите туку и разни владини агенции па дури и новинари кои што треба да се гарант на слободата на медиумите како основа на либералната демократија. Затоа вели авторот , денеска сме свенси дека пријателските насмевки на Буш и Обама во Вашингтон сите овие години не биле искрени.

Според „Дер Шпигел“ причините за прислушувањето не се безбедноста на западот како целина туку исклучиво сопствените интереси на САД. Германската влада потпишала ѓаволски пакт со САД и орвеловската шпионска машина што според весникот може да е направено ос страв дека ќе остане без информации за планирани терористички напади но со тоа Меркел дозволила да бидат прекршени законите во Германија.

Затоа владата во Берлин имала два погрешни приоритети кои сега мора да ги промени.

Прво да не дозволи поради страв од напади да го крши законот и второ да покаже отпор кон однесувањето на САД. Затоа во иднина мора да ги запише правилата за соработка со разузнавачките агенции што значи дека одредени информации нема да се делат, што не треба да значи крај на соработката со САД особено во трговијата и надворешната политика.

Но тоа според „Дер Шпигел“ би било се, затоа што засега нема простор за повеќе од таква соработка.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад