Меркел бара поголема солидарност во ЕУ за решавање на бегалската криза

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика партнерите на Германија во ЕУ да бидат солидарни во прифаќање на бегалци.

Меркел пред пратениците во Бундестагот истакна дека „не може три четвртини од сите лица, кои бараат засолниште, да бидат прифатени од само пет држави“.

Таа нагласи дека ЕУ треба да се однесува сериозно и одговорно кон барањата на Лондон за измени во Унијата, но додаде дека не треба да се менуваат основните принципи како што е слободното движење на работници.

Германската канцеларка истакна дека Велика Британија е природен сојузник и таа треба да остане активен партнер во ЕУ.

– Велика Британија треба сама да објасни каква улога би сакал да игра во Европа, додаде Меркел.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија