Меркел апелира до граѓаните да не ги следат луѓето чии срца се исполнети со омраза

Од:

Поради големата антиисламска демонстрација, најавена за вечерва, денеска од германското исламофобично движење ПЕГИДА во Дрезден, канцеларката Ангела Меркел апелираше до граѓаните да не ги следат „оние чии срца се исполнети со омраза“.

– Не ги следете тие кои имаат предрасуди и чии срца се исполнети со омраза, истакна Меркел.

Германската служба за внатрешно разузнавање внимателно го набљудува движењето ПЕГИДА откако минатата недела на митингот еден член носеше имитација на бесилка со името на Ангела Меркел.

ПЕГИДА вечерва планира голем митинг во Дрезден по повод одбележувањето на една година од организираните антиисламски демонстрации во Дрезден.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче