Меркел: Ако Европа ги затвори границите за бегалците, на Балканот може да дојде до војна

Од:

Германската канцеларка Меркел која што е цел на остри критики од дел од јавноста, политичките противници, но и од нејзините конзервативци, смета дека прекинот на прием на бегалци во земјата може да предизвика воен конфликт на Балканот.

За време на партискиот говор во градот Дармштат вчера вечер Меркел ги бранела своите позиции за бегалците но и новата мерка за изградба на транзитни зони на границата во кои апликациите за азил ќе бидат процесирани пред бегалците да влезат во Германија.

Меркел смета дека ако Германија ги затвори границите со Австрија тоа може да предизивика домино ефект во земјите кои што се наоаѓаат на рутата која што ја користат бегалците. Таа не сака да се случи воените конфликти повторно да бидат неопходни за да се надминат проблемите.
Според германската канцеларка, ситуацијата може брзо да се влоши и да се претвори во насилство и зголемени тензии во државите на Балканот. Таа признава дека како најголема земја во ЕУ Германија има одговорност да најде решение за бегалската криза. „Сигурна сум дека можеме да го постигнеме тоа“, изјави Меркел во Дармштад.

Во неделата Меркел постигна договор со Баварскиот премиер и лидер на сестринската партија ЦСУ, Хорст Шехофер според кој за транзитните зони каде што ќе се филтрираат вистинските бегалци од економските мигранти. На ова решение се противи лидерот на Социјалдемократите Зигмар Габриел кој смета дека од земјите од Балакнот има мал број на нови имигранти, со што се зголемуваат разликите меѓу двете водечки партии во владеачката коалиција. Во текот на нделеата Меркел ќе се обиде да најде коммпромис и со своите партнери од Баварската ЦСУ и со партнерите од СПД. Според сегашните проценки до крајот на годината меѓу 800 илјади и еден милион мигранти ќе дојдат во Германија.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче