Мерц: Прашање е дали Украина ќе биде примена во ЕУ до 2034 година

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сомнеж за можноста Украина да се приклучи на Европската унија до 2034 година, велејќи дека е малку веројатно дека тоа ќе се случи во време што би влијаело на среднорочните финансиски планови на блокот, кои траат до 2034 година.

„За нас, апсолутен највисок приоритет е, пред сè, да направиме сè што е можно за да ја завршиме оваа војна. Потоа ќе разговараме за реконструкцијата на Украина… но тоа ќе потрае неколку години… Веројатно нема да влијае ниту на сегашните среднорочни финансиски перспективи на ЕУ“, рече Мерц по средбата со романскиот претседател Никушор Дан во Берлин.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави во февруари дека Украина би можела да се приклучи на ЕУ пред 2030 година ако продолжи со реформите со сегашната брзина и квалитет.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Фронмајер до Мерц: „Какво е ова лудило – им земате на Германците за да ѝ давате на Украина“

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп

ВИДЕО: Дронови погодија една од најголемите руски рафинерии, избувна голем пожар

Катерина Ѓуровски

Пропаѓа ли договрот на Трамп и Путин за дизелот

Катерина Ѓуровски