Мексико одобри употреба на кубанската вакцина против Ковид-19

Од:

Мексиканскиот регулатор за лекови ја одобри кубанската вакцина против КОВИД-19 „Абдала“ за итна употреба.

Абдала е десетта вакцина против Ковид одобрена од Федералната комисија за заштита од здравствен ризик за употреба во Мексико.

Кубанските вакцини се базираат на рекомбиниран протеин, технологија што ја користат и американската фармацевтска компанија Новавакс и француската Санофи. Според кубанските научници нивната ефикасност е над 90 отсто.

Надвор од Куба, Абдала е одобрена во Никарагва, Виетнам и Венецуела, која веќе има потпишано договор со Хавана за набавка на 12 милиони дози.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД