Меккејб: Трамп е руски сојузник

Од:

Поранешниот шеф на Федералното биро за истраги (ФБИ), Ендрју Меккејб смета дека американскиот претседател Доналд Трамп е руски сојузник.

Мекејб тоа го изјави во емисија на Си-Ен-Ен.

– Мислам дека е можно. Мислам дека тоа е причината зошто ја почнавме нашата истрага. Многу сум загрижен околу тоа како ќе заврши истрагата, рече Меккејб, одговарајќи на прашањето на водителот Андерсон Купер дали се уште верува дека претседателот Трамп е руски сојузник.

Советничката на Белата куќа, Келиен Конвеј изјави дека Меккејб е лажго.

Меккејб, кој беше критикуван од американскиот претседател поради наводна наклонетост кон неговата соперничка на изборите во 2016 година Хилари Клинтон, кон крајот на јануари минатата година отстапи од местото шеф на ФБИ. Остана да работи во полиција, но беше отпуштен неколку месеци подоцна.

– ФБИ од секој вработен очекува да се придржува на нашите норми – искреност, чесност и одговорност, изјави тогаш министерот за правда Џеф Сешонс.

Претседателот Трамп на „Твитер“ изрази задоволство од отпуштањето на Меккејб.

– Ендрју Меккејб е отпуштен, тоа е голем ден за мажите и жените во ФБИ кои работат напорно – голем ден за демократијата, напиша Трамп.

 

Би можело да ве интересира

Трамп му честиташе на Мерц за изборната победа: Граѓаните се уморни од агендата без здрав разум

А1он

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ