Меј: Средбата на врвот на ЕУ на 20 септември – важна фаза во преговорите за Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза ​​Меј ја оквалификува неофицијалната средба на врвот на Европската унија на 20 септември како важна фаза од преговорите за Брегзит, која ќе им овозможи на лидерите од Унијата првпат да го разгледаат нејзиниот план за излегувањето на Велика Британија, изјави портпаролот на Меј.

– Премиерката изјави дека следната среда ќе отпатува во Салцбург,за да учествува во неофицијалната средба на врвот на ЕУ, која истовремено ќе биде важна фаза во преговорите за Брегзит и можност за размена н а мислења со другите членки на ЕУ за заедничките предизвици, изјави портпаролот на Меј.

– На средбата, лидерите првпат ќе разговараат за Белата книга на британската влада, која содржи голем број сериозни и доверливи предлози, рече тој.

Во јули, британската влада објави Бела книга во која презентираше план за односите меѓу Велика Британија и ЕУ по Брекзит. Голем број членови на Владата, меѓу кои и поранешниот министер за Брегзит Дејвид Дејвис и поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон поднесоа оставка, оценувајќи дека документот предвидува големи отстапки кон Брисел.

Би можело да ве интересира

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори