Меј: Остварлив е договор помеѓу Велика Британија и ЕУ

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Велика Британија и Европска унија немаат различни ставови за преговорите за Брегзит и оти договорот е остварлив.

Меј, обраќајќи се пред пратениците во британскиот Парламент, истакна дека рамката на договорот е јасна во поголемиот број сфери, но дека постојат поинакви ставови за прашањето на ирската граница.

Велика Британија го отфрла предлогот на ЕУ, Северна Ирска да остане во царинска унија во европскиот блок. За Меј тоа е неприфатливо, но додаде дека двете страни сега разговараат за пошироко британско царинско решение со цел Велика Британија да остане во царинско партнерство со ЕУ.

Но, несогласувањето е поради инсистирањето на Велика Британија дека таквото решение мора да биде привремено.

Меј посочи дека Велика Британија и ЕУ не треба да дозволат несогласувањето за ирската граница да ги остави двете страни без договор за Брегзит.

– Ние не можеме да дозволиме несогласуцвањето да го загрози добриот договор и да не остави без договор, тоа никој не го посакува, наведе Меј.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски