Меј ќе разговара со Трамп за наводниот хемиски напад во Сирија

Од:

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека денеска ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за наводниот хемиски напад во Сирија.

– Ќе продолжам да разговарам со нашите сојузници и партнери како што правев. Утрово разговарав со претседателот Макрон, а подоцна ќе разговарам и со претседателот Трамп, информира Меј.

На прашањето дали Велика Британија ќе им се приклучи на САД доколку Вашингтон одлучи да преземе понатамошни воени дејствија во Сирија, таа одби директно да одговори на прашањето, но рече дека „смета оти треба да се побара одговор од одговорните“.

Меј рече дека вечерва ќе претседава со состанок на Британскиот совет за национална безбедност.

– Нападот извршен во Дума, е варварски. Очигледно е дека итно работиме со нашите сојузници и партнери за да се процени што се случило на терен, рече таа.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски