Меј: Брегзитот е „тивка револуција“ на милиони незадоволни луѓе

Од:

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска, на крајот на годишната конференција на Конзервативната партија, дека одлуката која Британците ја донеле на 23 јуни за напуштање на ЕУ, претставува „тивка револуција“ на милиони луѓе кои немале корист од глобализацијата и брзите економски промени.

Меј, исто така, вети централистичката Влада, еден ден откако нејзината Влада ги вознемири либералите, соопштувајќи им дека на компаниите треба да им биде приоритет да вработуваат Британци, пред странски работници.

За разлика од нејзиниот претходник Дејвид Камерон, кој го комбинираше социјалниот либерализам со фискалната заштеда и благата економска регулатива, Меј ги критикуваше директорите на корпорациите кои вешто ги избегнуваат даноците и ги присвојуваат пензиските фондови на вработените.

Британската премиерка најави дека ќе заземе повеќе интервенционистички економски пристап отколку некои нејзини конзервативни претходници, заклучувајќи дека „Владата може и треба да биде сила која се бори за благосостојба“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он