Меѓународниот кривичен суд најави истраги за воени злосторства во Авганистан

Од:

Главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Фату Бенсуда денеска најави дека ќе бара отворање на истрага за воени злосторства изврешени во Авганистан.

Бенсуда не наведе кои страни ќе ги истражува, но во претходни извештаи, Судот како одгооврни за воени злосторства ги посочил како талибанските групи, така и армиите на Авганистан и на САД и ЦИА.

– По темелната првична истрага на состојбата, заклучивме дека правните критериуми засновани на Римскиот статут се исполнети и истрагата може да почне, соопшти Бенсуда.

Во извештајот на Бенсуда од 2016 година е посочено дека американската армија и ЦИА се одговорни во 60-на случаи на мачење во 2003 и 2004 година.

САД не е потписник на Статутот за формирање на Судот и не го признава неговиот легитимитет во случаи, кои се однесуваат на американските Вооружени сили.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан