Меѓу жртвите од бриселските напади има Британец, Кинез и Французин

Од:

Британските власти соопштија дека еден Британец загинал при терористичките напади во белгиската престолнина во вторникот.

Станува збор за Дејвид Диксон, компјутерски програмер кој живеел во Брисел.

Тој загинал во нападот на метрото, пренесува БТА.

Седум Британци беа повредени во нападите, според податоците на „Форин офис“.

Кинеската амбасада во Брисел соопшти дека загинал кинески државјанин, кој беше именуван само со неговото презиме – Денг. Други детали не беа пријавени.

Француското Министерство за надворешни работи потврди дека еден француски државјанин е убиен и 12 се повредени, од кои тројца се во многу тешка состојба.

Бомбашите-самоубијци на Исламската држава во вторникот извршија напад врз бриселскиот аеродром и една метро станица.

При нападите загинаа 31 лица и 270 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски