Медведев: Западот сака да ги овековечи санкциите

Од:

Граѓаните на Русија мораат да бидат подготвени на можноста уште долго да живеат во услови на економски санкции, бидејќи одредени кругови од Запад се обидуваат таквата состојба да ја „овековечат“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Истовремено, тој кажа дека Русија е способна сосема солидно да се развива и во такви услови.

– Погледајте што прават нашите партнери од другата страна на океанот и во Европа. Тие настојуваат да ги овековечат овие санкции со усвојување на голем број закони и со донесување на разноразни укази, рече Медведев, пренесе „Спутњик“.

Од овие причини, истакна тој, не треба да се смета на ничија милост. Напротив, тоа на Русији не и е потребно, бидејќи последните две години докажаа дека е можно да се развива и во услови на санкции.

– Се што постигнавме во земјоделието, индустријата, е сторено благодарение на санкцииите, а не и покрај нив. Во најголем дел заради тоа што бевме принудени да го реструктурираме начинот на работење, додаде Медведев.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски