Медведев: САД официјално станаа непријател на Русија

Од:

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека новите американски санкции против Русија се „чин на војна“ и дека САД официјално станаа непријател на Москва.

Еден ден претходно, САД објавија пакет нови антируски санкции насочени кон Роснефт, Лукоил и нивните подружници, објави РИА Новости.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, го објави откажувањето на планираниот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, најавувајќи дека состанокот би можел да се одржи во иднина.

„Ова не ја менува главната поента: донесените одлуки се чин на војна против Русија“, напиша Медведев на својот Телеграм канал. Тој додаде дека „ако некој имал некакви илузии, сега јасно може да види – САД се наш противник, а нивниот зборлест „миротворец“ сега е целосно на воениот пат против Русија“.

Би можело да ве интересира

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%