Медведев: Русија ќе го потпише договорот за „Турски поток“ по добивањето на новата турска Влада

Од:

Русија очекува да го потпише меѓувладиниот договор за изградба на гасоводот „Турски поток“ по составувањето на новата Влада во Турција, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за Словенечката радио и телевизија, пренесе ТАСС.

-Меѓувладиниот договор навистина се уште не е потпишан. Причината за тоа во голема мера се должи на тоа што таму (во Турција) нема влада, појасни рускиот премиер, кој кон крајот на неделата ќе ја посети Словенија.

„Нашите партнери, нашите колеги во Турција треба да ја состават таа нова влада. Тоа не е многу лесна работа, како што покажува досегашното искуство. Ние водиме преговори со нив. Се надеваме дека кога сите политички проблеми кај нив ќе бидат решени (…), ќе можеме конечно да се договориме за сите прашања“, додаде тој.

Медведев, исто така, посочи дека Словенија може да одигра „сосема сериозна улога“ во врска со изградбата на гасоводот. Тој појасни дека повеќе земји веќе пројавиле интерес за проектот, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.

-На Вашите раководители, исто така, би им препорачал повнимателно да го разгледаат овој проект, посочи рускиот премиер во интервјуто за Словенечката радио и телевизија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ утре ќе го отвори гасоводот „Турски тек“ во Србија

Турски поток значително го намали транзитот на руски гас преку Украина

Ана Ололовска

Вучиќ, Путин, Ердоган и Борисов утре на отворање на Турски поток

Радев: Бугарија дава пари за „Турски поток“

Ана Ололовска

Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија

Ана Ололовска

Газпром: Турски поток почнува со работа во декември

Ана Ололовска