Медведев: Русија има моќ да ги постави сите дрски непријатели на нивно место

Од:

Русија има сила да ги постави непријателите, предводени од САД, на нивно место и Москва ќе го спречи „русофобниот заговор“ на Западот да ја распарчи Русија, изјави денеска Дмитриј Медведев, еден од најблиските сојузници на претседателот Владимир Путин.

Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик-секретар на рускиот Совет за безбедност, истакна дека САД поттикнале „одвратна“ русофобија во обид да ја доведат Русија на колена и потоа да ја распарчат.

– Нема да успее. Русија има моќ да ги стави сите наши дрски непријатели на нивно место, нагласи Медведев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски