Медведев побара од Маск да го изгасне Старлинк во Украина

Од:

Поранешниот претседател на Русија и близок соработник на Владимир Путин, Дмитри Медведев, го повика Илон Маск, најбогатиот човек на светот и новиот сопственик на Твитер, да ја исклучи сателитската интернет услуга во Украина.

Медведев му честиташе на Маск за „надминувањето на политичката пристрасност и идеолошката диктатура на Твитер“. „И откажете се од тој бизнис со Старлинк во Украина“, додаде Медведев.

Илон Маск обезбедува сателитска интернет услуга за Украина преку услугата Starlink, која се покажа како клучна за комуникациите на украинската армија.

Медведев пред неколку дена ја коментираше оставката на Лиз Трс со зборовите „збогум Лиз Трс, честитки за салатата“, алудирајќи на британската споредба на нејзиното владеење со времетраењето на главица зелена салата.

Маск одговорил: „Доволно добро тролање, да бидам искрен“. Потоа го праша Медведев „како се одвиваат работите во Бахмут“, еден од ретките украински градови во чија близина напредуваат руските сили.

Медведев одговори: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.

Би можело да ве интересира

Маск и понуди милиони долари на инфлуенсерката Сент Клер за да го прикрие раѓањето на нивниот син

Горан Наумовски

Медведев со „дрва и камења“ по Мерц: Размисли двапати нацисту!

А1он

Маск: Советникот за трговија Питер Наваро е морон

А1он

Маск наводно побарал од Трамп да ги укине царините

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Илјадници Американци на околу 1.200 демонстрации против Трамп и Маск низ САД

Горан Наумовски