Медведев: Ништо не може да го спаси Зеленски во секој случај

Од:

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност и поранешен претседател Дмитриј Медведев го коментираше назначувањето на поранешниот началник на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, за началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави ТАСС.

Медведев оцени дека внатрешните кадровски промени во Киев нема да донесат резултати и дека, како што изјави, „ништо не може да го спаси Зеленски во секој случај“. Тој изрази жалење, со ироничен тон, што, како што рече, имало „само едно слободно место“ за толку важна позиција.

– Одличен избор. Штета што е само едно слободно место. Второто требаше да му се понуди на истакнатиот воен командант Валериј Залужни. И тогаш двајцата потенцијални претседателски кандидати ќе беа избришани од таблата. Сепак, малку е веројатно дека ова ќе ѝ помогне на куклата од партали со нос од кокаин. Таа сигурно нема да преживее, Карабас-Барабас ќе ја испрати во рерна, рече Медведев.

Кирил Буданов е вклучен во списокот на терористи и екстремисти во Русија, а неговото назначување за началник на кабинетот на Зеленски во Москва се толкува како сигнал дека Киев дополнително го зајакнува влијанието на безбедносните и разузнавачките структури на самиот врв на власта.

Медведев претходно, во неколку наврати, даде остри изјави за украинското раководство и најави одмазда за, како што наведе, терористичките напади, вклучувајќи го и последниот инцидент во Херсонската област, нагласувајќи дека Русија ќе одговори на ваквите потези „решително и без одлагање“.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски

Зеленски: Киев е подготвен привремено да ги запре нападите врз Москва

Горан Наумовски