Медведев: Јапонскиот премиер „тропа глупости“ за Русија, треба да изврши харикири

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска го обвини јапонскиот премиер Фуми Кишида за послушност кон Соединетите држави и предложи тој да изврши ритуално самоубиство.

Јапонскиот премиер го посети Вашингтон за да го зајакне сојузот меѓу Јапонија и САД наспроти растечките предизвици од Кина и предупреди дека Русија не треба да користи нуклеарно оружје во Украина.

„Силно се спротивставуваме на какви било еднострани обиди за промена на статус кво со сила или принуда, каде било во светот“, се вели во заедничката изјава.

„Ова е толку монструозен срам што нема ни да коментирам за паранојата за нуклеарните планови на нашата земја. Размислете за тоа. Шефот на јапонската влада во понижувачки, лојален занес тропа глупости за Русија. Тој го предаде споменот на стотиците на илјадници Јапонци кои загинаа во нуклеарниот напад на Хирошима и Нагасаки“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој исто така рече дека Кишида е „само слуга“ на Американците и дека „слугите не можат да бидат храбри“.

„Можеме само да жалиме за Јапонците. На крајот на краиштата, таквиот срам може да се измие само со извршување на харикири веднаш на следната седница на нивната влада. Иако концептот на чест кај оваа генерација јапонски вазали не е вообичаен“, напиша Медведев.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски