Медведев: Имавме илузии дека ќе живееме во хармонија со Европејците и со САД, тоа се распадана

Од:

Поранешниот руски претседател и премиер Димитриј Медведев изјави денеска дека светот веројатно е на работ на нова светска војна и дека ризиците од нуклеарен конфликт растат. „Светот е болен и многу веројатно е на работ на нова светска војна“, рече Медведев, кој моментално ја извршува функцијата заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност на Путин.

Тој рече дека таквата нова светска војна не е неизбежна, но дека ризиците од нуклеарен конфликт се зголемуваат и се посериозни од загриженоста за климатските промени.

Тој додаде дека целите на „специјалната воена операција“ ќе бидат остварени, а на прашањето како го оценува нејзиниот напредок, тој одговори дека тоа е сложено прашање. „Можам само да кажам дека сум апсолутно убеден дека ќе се остварат сите цели што ги постави претседателот на нашата земја пред нашите војници за извршување на специјална воена операција“, посочи Медведев.

„Денес не се соочуваме со украинската армија, туку со целата организација на Северноатлантскиот договор и ова е навистина необјавена или специјална прокси војна, како што понекогаш се нарекува, што западниот свет ја води против нашата земја. Затоа мораме да се бориме со целото НАТО, земајќи ја предвид испораката на оружје и, искрено да речеме, обуката на украинскиот воен персонал и многу други фактори“, рече Медведев.

„Специјалната воена операција е нашиот одговор на бескрајното проширување на НАТО. И јас и моите соборци и колеги имавме некои илузии во 1990-тите дека ќе почнеме да живееме во хармонија со Европејците и САД и дека повеќе нема да бидеме непријатели и дека повеќе нема да се судриме. Сепак, сето тоа се распадна“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Медведев за војната во Украина: Ќе го уништиме непријателот

А1он

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ