Медведев до Зеленски: Ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат

Од:

Сојузникот на Путин и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати нова закана до режимот во Киев по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

Медведев му порача на Зеленски дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат.

Сегашните „ултиматуми“ се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија“, напиша Медведев на Телеграм.

Претходно Зеленски изјави дека во моментов не е подготвен да преговара со Москва. Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече: „Тоа е мојот принцип, не разговарам со оние што прават ултиматуми“. Тој тврди дека Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ